Фудбалерите на Арсенал одиграа нова неубедлива партија во домашниот шампионат откако вечерва на домашен терен славеа само со 2-1 против најлошиот тим во Премиерлигата во 16. коло.
Топчиите беа неубедливи во текот на целиот меч, а до водство некако стигнаа во 70. минута откако корнерот на Букајо Сака заврши во голот на гостинскиот голман Џонстон откако топката се одби од него за победа на Арсенал од 1-0.
Гостите стигнаа до израмнување на 1-1 преку Арокодаре во 90, но херој за тимот на Микел Артета беше Габриел Жезус со голот во 94. минута. Интересно е тоа што и вториот гол на крај беше запишан како автогол, овојпат на дефанзивецот Москера.
Arsenal [1] – 0 Wolves – S. Johnstone 70'
byu/BackgroundMorning630 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

