Ова го може само Лука Дончиќ: Низ нозе на противникот, па цепелин (видео)

Лука Дончиќ има свое шоу на почетокот од вечерашниот натпревар меѓу Словенија и Унгарија, на кое европските прваци од самиот старт ја оправдуваат улогата на големи фаворити (водство од 18-2 во шестата минута од мечот).

Најдобриот потег го имаше токму Дончиќ, кој маестрално го мина ривалот што го чуваше протнувајќи му ја топката низ нозе, за во продолжението на акцијата да фрли атрактивен цепелин за Чанчар.

Погледнете ја оваа мајсторија на големиот ас на словенечката репрезентација…

 

Се вчитува...