Извонредната боксерка Сениеса Естрада синоќа експресно запиша нова победа за себа со нокаут на противничката.
Во само седум секунди тотално ја уништи Миранда Еткинс на мечот во Калифорнија, запишувајќи ја една од најбрзите победи во историјата на боксот. Еткинс загуби свест уште додека беше на нозе.
Don’t. Blink.
— Yahoo Sports (@YahooSports) July 25, 2020
Естрада, која е сопственичка на ВБА шампионскиот појас во мува категорија и ВБЦ сребрениот јуниорски појас, првично требаше да боксува со Џеки Калво, но таа се повлече поради повреда на коленото. Еткинс се согласи да биде замена, и не се прослави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА