Манчестер Јунајтед по успешниот старт на новата сезона и триумфот над Фулам во кој херој беше новото засилување Џошуа Зиркзе го претрпе и првиот пораз откако загуби на гостувањето кај Брајтон со 2-1 и тоа со гол примен во петата минута од судиското продолжение.
А, пак 23-годишниот голгетер кој фановите на Манчестер Јунајтед го славеа на претходниот натпревар, овој пат беше апсолутен трагичар откако се најде во лошо место во лошо време.
Имено, Манчестер Јунајтед во 70. минута по контра напад имаше шанса да нашрави целосен пресврт, голманот Стил беше беше совладан, но обидот на Гарначо беше спречен од страна на Зиркзе кој ја допре топката пред самата гол линија. Тој се најде во недозволена позиција па голот за целосен пресврт кој многу веројатно можеше да донесе и нови три бода за „црвените ѓаволи“ беше поништен.
J’en peux vraiment plus des arbitres. Vous voulez que Zirkzee face quoi la ??? Comment tu refuse un but pareille y’en a marre pic.twitter.com/sXJhdanbyC
— Kyono GF (@Kyono_GF) August 24, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА