Не, повторно…Автобусот на Борусија Дортмунд е сопрен од полицијата на патот кон стадионот „Луј Втори“, во пресрет на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Сомневањата се дека повторно би можело да има несакан инцидент, па полициските сили кои ги има во голем број одлучиле уште еднаш да го проверат целиот автобус.
Поради ова, најавено е дека ќе доцни почетокот на мечот меѓу Монако и Борусија Дортмунд, поради задоцнетото доаѓање на „милионерите“ на стадионот…
На Борусија Дортмунд минатиот вторник и се случи бомбашки напад на автобусот, кога тимот одеше кон стадионот „Сигнал Идуна парк“, а натпреварот беше одложен за в среда, со почеток во 18.45 часот. Сега повторно проблеми за „милионерите“ кои дефинитивно не можат да се фокусираат на фудбалот.
Според последните информации, мечот треба да почне со пет минути задоцнување…Фудбалерите на Борусија Дортмунд пристигнаа и се загреваат на теренот во пресрет на дуелот…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА