Лионел Меси многу пати во последните две години беше херој на Интер Мајами, но Аргентинецот беше трагичар на својот тим на синоќешниот дуел со Шарлот што Интер го загуби со 3-0.
Мечот ќе отидеше во поинаква насока доколку Меси при 0-0 во 32. минута го реализираше пеналот за тимот од Мајами. Аргентинецот се обиде атрактивно, со паненка, но беше прочитан од противничкиот голман кој го запре неговиот обид.
Казната стигна две минути подоцна кога Токломати стрелаше прецизно за 1-0, а истиот фудбалер до крајот постигна уште два гола, па со хет-трик му ја донесе победата на Интер Мајами.
🚨 LIONEL MESSI 🇦🇷 MANQUE SA PANENKA !!!! 😱
Derrière l’Inter Miami concède l’ouverture du score…
— Actu Foot (@ActuFoot_) September 14, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

