Ова никој не го очекуваше: Меси со сензационален камбек во Европа!? „Никогаш не велете никогаш“

Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас во опширно интервју за италијанската „Газета“ говреше на повеќе теми поврзани за неговиот клуб, а и ги возбуди навивачите со можен сензационален трансфер на Лионел Меси.

Градот Комо е примамлива дестинација особено за мирен крај на кариерата, а Фабрегас и Меси се добри пријатели па шпанскиот стратег не ја исклучи можноста еден од најдобрите фудбалери во историјата да му се приклучи на неговиот тим.

„Меси во Комо? Никогаш не велете никогаш. Антонела (сопругата на Меси) беше кај мене дома. Дојде да си ги посети пријателите. Но, сега за сега Лео е во САД“, изјави Фабрегас.

Се вчитува...