Наполи испрати официјална понуда до Лајпциг за услугите на Елиф Елмас. Понудата беше 1,5 милиони евра за позајмица на една сезона, со право на откуп во јули 2026 година за сума од 11,5 милиони.
Меѓутоа германскиот тим бара речиси двојно повеќе. Односно, три милиони евра за позајмицата од една сезона, и право на откуп за сума од 18,5 милиони евра, тврдат дел од италијанските медиуми.
Преговорите меѓу двете страни продолжуваат со засилен интензитет, и се поблиску е денот кога Елмас ќе се врати на местото на успехот. Се чини дека италијанскиот и германскиот тим на крајот ќе се договорат за измеѓу понуденото и бараното, за македонскиот репрезентативец се врати онаму каде што ги доживеа најдобрите моменти во досегашната кариера.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

