Ова се четвртфиналните двојки за Евролигата: Партизан оди на Реал, Олимпијакос против Фенербахче

Со драматичната завршница во Минхен и победата на Жалгирис над Баерн и официјално заврши регуларниот дел од сезоната во кошаркарската Евролига, која ќе продолжи со возбудливи четвртфинални пресметки.

Познати се четвртфиналните двојки, Жалгирис со победата во Минхен скокна на седмото место, па во четвртфиналето ќе се сретне со својот екс-тренер Шарунас Јасикевичиус, сега на чело на Барселона.

Олимпијакос како прв носител нема да има нималку лесна задача против Фенербахче, тим со бројни врвни кошаркари во своите редови.

Партизан оствари одличен резултат со самиот пласман во Топ 8, но „црно-белите“ не кријат дека сакаат да го земат скалпот на големиот Реал Мадрид и да се пласираат на фајналфор турнирот што годинава ќе се игра во Каунас.

Во последната четвртфинална двојка силите ќе ги одмерат Монако и Макаби.

Четвртфиналните серии ќе се играат во периодот од 25 април најдоцна до 10 мај, кога би се играле евентуалните мајсторки. Овие серии се играат до три добиени натпревари, по систем 2-2-1.

ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Олимпијакос – Фенербахче

Барселона – Жалгирис

Реал Мадрид – Партизан

Монако – Макаби

Се вчитува...