Со завршувањето на денешните натпревари познати се и четвртфиналните парови во Лигата на шампионите. Во најинтересниот двомеч ќе се сретнат најтрофејниот Реал Мадрид и германскиот гигант Баерн Минхен.
Интересно се очекува да биде и во репризата на минатогодишниот дуел во кој ќе се сретнат англискиот и францускиот и европски шампион Ливерпул и Пари Сен Жермен. Во шпанското дерби Барселона и Атлетико Мадрид ќе ни понудат нов двомеч за паметење.
Последниот двомеч е единствениот во кој ќе има очигледен фаворит каде Арсенал ќе игра со Спортинг Лисабон. Првите натпревари се закажани за 7. и 8. април, додека реваншите на програмата се една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

