„Не ми даваат да станам директорка зошто се сликав гола“

Белгиската велосипедистка Тара Гинс (30) тврди дека поради „несоодветни фотографии“ на Инстаграм, не може да стане директор на неименуван тим за велосипедизам. Таа возеше професионално за два тима од Белгија, но кога се обиде да се „пробие“ и да стане повлијателна во овој спорт, наиде на „бојкот“, а сето тоа е поради нејзините провокативни фотографии, затоа што во слободното време Тара се занимава и со моделирање.

Гинс ја следат повеќе од 20 илјади луѓе на Инстаграм, па таа често знае да ги „почести“ со провокативни фотографии кои изгледаат премногу вулгарно за некој што претендира да биде на челна – директорска позиција.

“Имавме усмен договор, го чекав со нетрпение, но … Некој направи проблем поради фотографиите. И подобро е што навремено да раскинеме”, рече Тара.

За време на преговорите со новиот тим, беше објавено дека на спонзорите не им се допаѓаат нејзините „разголени“ фотографии на социјалните мрежи, како и фактот дека позирала полугола за календарот „Плејбој“ и топлес.

Се вчитува...