Ова се можните противници на Тиквеш и Шкендија за следното квалификациско коло во ЛК

Денеска ќе се одржи ждрепката за 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции, а Тиквеш и Шкендија ги добија можните противници доколку ги минат своите ривали.

Тиквеш ако го мине Бреидаблик, ќе може да се падне со следните противници:

-Дрита (Косово)
-Торшавн (Ф.Острови)
-победник од Каернарфон Таун (Велс) – Крусадерс (С.Ирска)
-Тампере (Финска)
-Трансинвест (Литванија)

Потенцијалните противници на Шкендија ако ја мине Ноах (Ерменија)

-победник од Шиаулиау (Литванија) – Левадија (Естонија)
-Браво (Словенија) – Конах Квај Номадс (Велс)
-Пушкаш Академија (Унгарија)
-ЦСКА 1948 (Бугарија)
-Слиема (Малта)

Се вчитува...