Ова се можните ривали на Македонија – познати се сите учесници на ЕП 2022

Со денешното последно коло од квалификациите веќе и официјално се познати сите 16 селекции учеснички на претстојното ракометно европско првенство за жени, што од 4 до 20 ноември ќе се игра во Македонија, Словенија и во Црна Гора.

Ждрепката е закажана за 28 април, а денеска и официјално е познат и изгледот на шеширите, како и потенцијалните ривали на Македонија на овој шампионат. Она што веќе се знае е дека нашата селекција ќе биде дел од групата Ц што ќе се игра во Скопје, а во ждрепката ќе биде сместена во третиот шешир заедно со Словенија, Хрватска и со Германија, ривали што избраничките на Савевски нема да можат да ги добијат во групата.

Црна Гора ќе биде домаќин на групата во Подгорица, додека Унгарија веќе е избрана за да се натпреварува во групата во Љубљана, па од вториот шешир Македонија може да ги добие Полска или Шведска.

ШЕШИР 1: Норвешка, Франција, Данска, Холандија.
ШЕШИР 2: Црна Гора, Унгарија, Полска, Шведска.
ШЕШИР 3: Македонија, Словенија, Хрватска, Германија.
ШЕШИР 4: Шпанија, Романија, Србија, Швајцарија.

Се вчитува...