Шкендија испиша историја освојувајќи го 22. место во лигашкиот дел од Конференциската лига на УЕФА, кое значи и историски пласман во нокаут фазата од ова европско натпреварување.
Сега погледите се вртат кон ждрепката за следната фаза, а согласно пропозициите на УЕФА, тетовци имаат два потенцијални ривали за оваа рунда.
Погодокот во судиското продолжение на АЕК за победа над Крајова ја искачи Шкендија на 22. место, со што се избегна опасноста Шкендија за можен ривал да го има премиерлигашот Кристал Палас.
Екипите на 22. и на 23. место (Шкендија и фински Купс), во следната фаза ќе се сретнат со турски Самсунспор и со полски Лех, а ждрепката ќе одлучи дали македонскиот првак ќе патува за Турција или за Полска во продолжението од оваа европска авантура.
Ако успеат да ја минат оваа прва нокаут-пречка, тетовци во следната рунда согласно „костурот“ на УЕФА ќе се сретнат со еден од овие два тима – Рајо Валјекано или Шахтјор Доњецк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

