Ова се најплатените кошаркари на Мундобаскет: Дончиќ е втор, само еден Американец во Топ 5

Се е подготвено за почетокoт на кошаркарскиот мундијал закажан за 25 август, врвен собир кој за жал од најразлични причини ќе го пропуштат бројни ѕвезди на овој спорт.

Американците доаѓаат без најдобрите играчи во НБА-лигата, кои ги чуваат силите за следното лето и настапот на ОИ во Париз, Србија ќе го нема Јокиќ, кај Грција ќе недостига Адетокумбо, Канада ќе биде без Џамал Мареј…

Објавена е и ранг-листата на најплатените кошаркари кои ќе бидат дел од претстојниот светски шампионат. Очекувано, најдобрите десет доаѓаат од НБА-лигата, но мело изненадување е што во Топ 5 се најде само еден Американец, и тоа Брендон Инграм, кој според договорот со Њу Орлеанс сезонава заработи 33,8 милиони долари, доволно само за четврто место во рангирањето.

На врвот е Французинот Руди Гобер со заработувачка од 41 милион долари, за малку повеќе од Лука Дончиќ, кој ланската сезона од Далас доби 40,1 милион долари. Карл Ентони Таунс од Доминиканската Република е третопласиран на оваа листа со плата од 36 милиони долари, а веднаш зад Инграм се најде Канаѓанецот Шај Гилџус Александер, кој заработи 33,4 милиони долари од Оклахома Сити минатата сезона.

Се вчитува...