Ова се патниците на Хрватска за Евробаскет

Хрватскиот селектор Дамир Мулаомеровиќ денеска го објави финалниот список од 12 кошаркари кои ќе настапат за „коцкестите“ на претстојниот европски шампионат што ќе стартува на 1 септември.

Хрватите на хартија делуваат одлично, предводени од Богдановиќ и Шариќ како асови со НБА-искуство, потоа центарот на ЛА Клиперс, Зубац, како и Хезоња и Симон како искусни евролигашки кошаркари, но и американскиот плејмејкер Џејлен Девон Смит.

Од играчите кои ги минаа подготовките, на финалниот список не се најдоа Матео Дрежњак, Павле Марчинковиќ, Горан Филиповиќ и Роко Рогиќ.

Се вчитува...