Ова се трите кандидати за „Пушкаш“ гол на годината – еден од нив е голем фаворит (видео)

ФИФА денеска ја објави листата од три финалисти за наградата „Пушкаш“ што традиционално се доделува на стрелецот на најубавиот гол во една календарска година.

Меѓу тројцата кандидати особено импресивен е Марсин Олекси од Полска, кој се натпреварува во фудбал за лица со специјални потреби, успевајќи да постигне неверојатен гол со ножички за кој дефинитивно заслужува да се закити со големото признание.

Многу сличен гол на оној на Олекси е и оној на Бразилецот Ришарлисон, постигнат на СП 2022 против Србија, а на листата од тројца финалисти се најде и Паје од Олимпик Марсеј за неверојатниот волеј удар од над 25 метри на дуелот со Бордо.

Се вчитува...