Ова се вика доминација: Глазгов Ренџерс со Џерард без ниту еден пораз до титулата во Шкотска

Глазгов Ренџерс го декласираше Абердин со 4-0 за заокружување на најуспешната сезона во клупската историја, во која тимот предводен од Стивен Џерард доминираше на терените ширум Шкотска.

Ренџерси одиграа вкупно 38 натпревари сезонава, притоа не бележејќи ниту еден единствен пораз. Во книгата на рекорди ќе остане запишано дека „пулените“ на Џерард освоиле 103 бода, бележејќи 32 победи и шест реми. Импресивно делува одбраната, само 13 примени гола на 38 средби, наспроти 92 постигнати погодоци на новиот шкотски првак.

Селтик долги години доминираше на елитната шкотска фудбалска сцена, но Ренџерс не само што ја прекина серијата на вечниот ривал, туку и јасно стави до знаење дека „сино-белата боја“ ќе биде во мода во оваа земја во годините што следат.

Се вчитува...