Рома по десет години пауза повторно ќе биде дел од четвртфиналето во Лигата на шампионите, па радоста кај фановите на „волчицата“ е огромна. Сепак, сите ги надмина Карло Зампа, легендарниот радио-коментаторот Карло Зампа, кој полуде од среќа по победничкиот погодок на Един Џеко.
Зампа е исклучително популарен коментатор во Италија, миленик на навивачите на Рома бидејќи беше службен спикер на клубот, за 2005 година да добие отказ бидејќи одби да ги прочита имињата на „предавниците“ Емерсон, Зебина и Капело, кои неколку месеци претходно си заминаа од Рим за преселба во Торино.
Остана без работа, но стана симбол за лојалност на тифозите на Рома. A за синоќешната радост… не може да се опише со зборови, мора да се слушне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА