Веќе станува страшно, секој нов ден носи и нова информација за трагичен настан од фудбалските терени ширум светот. За малку ќе дојдеше до нова трагедија на дуелот Словачка – Тајланд, на кој ќе настрадаше еден од најпознатите словачки фудбалери, дефанзивецот Мартин Шкртел.
Поранешниот фудбалер на Ливерпул беше удрен со топка во главата, по што остана без свест да лежи неподвижен. За среќа веднаш притрча неговиот тимски колега Ондреј Дуда, кој му го извлече јазикот од уста и со тоа му го спаси животот на словачкиот фудбалер, спречувајќи нов трагичен настан на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА