Ова веќе не личи на дрим-тим: Нови две откажувања во САД

Кошаркарската репрезентација на САД сосема оправдано во последните десетина години на големите натпреварувања настапуваше под епитетот „дрим-тим“, но тоа нема да биде случај на претстојниот Мундијал во Кина. Причина – се побројните откажувања што стигнуваат на адреса на селекторот Попович, кој дефинитивно нема да може да смета на најдоброто од американскатња кошарка за овој шампионат.

Леброн Џејмс од поодамна објави дека нема да игра на ова СП, Кевин Дурант се повреди, а проблемите се зголемија откако Дејвис и Харден објавија дека сакаат да се посветат на подготовките за новата НБА-сезона. Трендот продолжи, па денеска нови двајца кошаркари ја откажаа послушноста кон националниот дрес. Станува збор за Ерик Гордон од Хјустон и СиЏеј Меколум од Портланд, двајца кошаркари кои како и претходно Дејвис и Харден, ги ставија личните подготовки за новата сезона пред потребите на националниот тим.

Со ова уште повеќе се стеснува „ростерот“ од кој селекторот Попович ќе бира за време на тренинг-кампот, но и се зголемуваат стравувањата во американската јавност, дека во следните денови може да дојде до уште неколку откажувања кои би претставувале сериозен удар за селекцијата на САД.

Се вчитува...