Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми имаше спектакуларно збогување од Динамо Загреб.
Адеми вечерва во победата од 1-0 против Ријека го одигра последниот натпревар за Динамо, вкупно 373-ти за него во кариерата во модриот дрес, за да во 84. минута од средбата биде заменет и со овации испратен од 12.000 навивачи на „Максимир“.
Дел од фановите со порака „капитену остани“ постојано скандирајќи го неговото име, а Адеми не можеше да го сокрие солзите додека ги минуваше последните метри во динамиот дрес.
По завршувањето на натпреварот, пак, сите фудбалери на Динамо се најдоа во маички со бројот 5 испраќајќи еден вид порака „Сите сме Аријан“…, а Адеми се обрати до навивачите дека засекогаш ќе остане Динамо Загреб во неговото срце без разлика каде ќе биде во иднина во кариерата…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА