Младинскиот тим на Е. Пелистер со овации беше поздравен од преполната сала во Битола пред денешниот дерби-натпревар со Вардар во Суперлигата на Македонија.
Младите „пелистерци“ запишаа историски успех во младинската Лига на шампионите на ЕХФ, со обезбедени пласман на фајнл-фор турнирот кој ќе се игра во Келн. Избраниците на Мемиќ и Митревски до овој успех стигнаа со победите над Киелце во полуфиналето и над домаќинот Динамо во големото финале.
Па, сега продефилираа во преполната сала во Битола каде беа пречекани со овации од навивачите на Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА