Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски е вистински миленик на навивачите на Ал Ахли, за што потврда е изминатиот период низ кој во неколку наврати, изненадени од односот на тренерот кон него, инсистираа на негово враќање во првиот тим на клубот.
И, Алиоски конечно се врати на клупскиот фудбал настапувајќи за Ал Ахли во победата над Ал Гарафа од 4-2 во азиската Лига на шампионите.
Сето тоа наиде на огромно воодушевување од страна на фановите на клубот кои по мечот со овации го поздравија македонскиот фудбалер. Џани, доби и максимална поддршка од соиграчите на тимот при прославата на победата над Ал Гарафа, јасно давајќи до знаење дека местото му е во првиот тим на Ал Ахли….
https://youtube.com/shorts/8IsW7Qd5pJk?si=d6EnLeCpwygzGL_c
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА