Овации за Дел Пјеро на стадионот на Јуве – има само еден капитен (видео)

Алесандро дел Пјеро по една година пауза повторно се појави на стадионот на Јувентус, бодрејќи го својот поранешен клуб на синоќешниот меч со Верона.

Легендарниот голгетер остана миленик на сите фанови на „старата дама“ кога одби богати понуди остана во клубот по испаѓањето во Серија Б, потег што приврзаниците на Јуве никогаш не му го заборавија.

Дел Пјеро доби гласни аплаузи при секое појавување на големиот семафор на стадионот, а во еден момент низ трибините можеше да се слушне добро познатото навивање: „Има само еден капитен“ во негова чест, по што следеа стоечки овации од сите присутни на „Алијанц Арена“ во Торино.

Дел Пјеро беше поврзуван со директорска улога во клубот по заминувањето на Ањели и Недвед, но засега се уште нема добиено официјална понуда за такво нешто од новата управа на Јувентус.

Се вчитува...