Овации за Перо Антиќ на кошаркарската фешта во Атина (видео)

Минаа единаесет години откако Перо Антиќ си замина од Олимпијакос, но Македонецот останува миленик на навивачите на „црвено-белите“ од Атина, од времето кога со овој тим стигна до две титули во Евролигата.

Антиќ вечерва се врати во грчката метропола за прошталниот меч на својот поранешен соиграч Јоргос Принтезис, а навивачите на Олимпијакос бурно го поздравија додека тој на теренот држеше говор за грчката кошаркарска легенда.

Погледнете како изгледаше тој дел од кошаркарската фешта во Атина…

Се вчитува...