Рускиот хокеар Александар Овечкин со двата гола кои ги постигна во победата на Вашингтон капиталс над Чикаго од 5-3, дојде до бројка од 894 погодоци во НХЛ лигата со што го израмни рекордот на славниот Вејн Грецки.
Интересно е тоа што рускиот суперстар до овој успех дојде со скоро идентично одиграни натпревари во најсилната хокеарска лига во светот како и Грецки (еден помалку).
Вашингтон утре вечер играат против Њујорк ајсландерс, па голема е шансата на овој меч тој да остане сам на врвот на сите времиња.
OVECHKIN AGAIN! GOAL 894!!!
HE’S TIED THE ALL-TIME GOALS RECORD! #Gr8Chase
: @NHLNetwork
: @Sportsnet or stream on Sportsnet+
https://t.co/4KjbdjVctF pic.twitter.com/JZ3OZKTfGn
— NHL (@NHL) April 5, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА