Овермарс: Ван де Бек ќе остане во Ајакс

Директорот на Ајакс, Марк Овермарс, изјави дека очекува Дони ван де Бек да остане дел од холандскиот гигант уште најмалку една сезона. Овој одличен фудбалер се наоѓаше многу блиску до трансфер во Реал Мадрид, но преговорите не беа комплетирани, па Овермарс сега е оптимист дека Ван де Бек и во наредниот период ќе продолжи да го носи дресот на Ајакс.

„Мое мислење е дека Ван де Бек ќе остане во Ајакс. За кратко време ќе дознаеме дали сум во право, нема да чекаме до крајот на преодниот рок. Одредивме датум за последен рок, а не планираме ниту да носиме нови фудбалери. Како што стојат работите, Ван де Бек ќе остане кај нас“ – истакна Овермарс.

Ван де Бек се најде во првиот тим на Ајакс на денешниот реванш дуел од квалификациите за ЛШ против грчкиот првак ПАОК.

Се вчитува...