Овие момци не се нормални, го „забетонираа“ првото место! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ЕКИПА во Ереван, Ерменија

Владимир Булатовиќ

ФОТО: Роберт Спасовски

Трета победа во Лигата на Нации по ред, трета без примен гол, и триумф кој ја носи Македонија блиску до првото место на крајот од ова натпреварување, и пласман во Б сегментот, како и обезбедување на баражот за пласман на идниот Мундијал.

Македонија вечерва славеше среде Ереван. Го освои во голем стил. Откако успеа да се одбрани од налетите на противникот, во вториот дел со неколку промени, се смени и сликата на теренот, па стигнаа и двата гола на Миовски и на Алими за конечен триумф.

Овие момци можеби „не  се нормални“, но знаат само за радости во Лигата на Нации. А, толку беа критикувани после првото коло и ремито со Фарски Острови. Потоа одговорија на критиките на најдобар можен начин, и еве ги сега блиску на првото место.

 

Се вчитува...