Македонија победнички го заврши најновиот циклус во Лигата на Нации. Со триумф над Фарски Острови, и во меч во кој по петти пат по ред дојдовме до победа и тоа без примен гол, Македонија со 16 бодови ја заврши групата, и сега ќе чека исход од другите групи за баражот за пласман на идниот Мундијал.
Меѓу другото на прес-конференцијата селекторот Милевски уште еднаш кажа за своите фудбалер дека „навистина не се нормални“.
„Секако дека размислувам и за некои промени. И во меѓу циклуси сме приморани да наоѓаме некои нови решенија за одредени позиции. Така беше и денеска и сето тоа го правиме во од. РОстерот ни е тој, бројот на играчи кои можат да бидат конкурентни на европско ниво е тој што е. Но, да не заборавиме овие момци стварно мислам дека не се нормални. Од први единаесет ако не се лажам осум немаат минутажа и да остварат голем број историски моменти, морам да повторам навистина не се нормални. Јас знам дека сето тоа е од нивниот карактер и како личности и како фудбалери“, изјави Милевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА