УЕФА размислува за нови промени на правилата кога станува збор за Лигата на Шампиони, но овој пат само за нокаут фазата. Одборот за клупските натпреварувања на 30. мај во Минхен ќе одлучува за три нови промени кои со сигурност ќе го променат најелитното фудбалско клупско натпреваруање.
- Пенали место продолженија
Во случај на нерешен резултат по истекот на регуларниот дел од натпреварот, наместо сегашните продолженија, веднаш би се изведувале пенали. Оваа промена доаѓа со цел да се намали интензитетот на натпревари во текот на сезоната.
- Предност од домашен терен во реваншот
Клубовите кои ќе завршат меѓу првите осум во лигашкиот дел од првенството ќе имаат предност на домашен терен во реванш натпреварите во осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето. Во моментот оваа предност се однесува само за осминафиналната фаза.
- „Заштита на државите“ во ждрепката
УЕФА размислува за повторно воведување на правилото кое спречува клубовите од иста држава да се сретнат пред четвртфиналето со цел да се избегнат националните средби во раната фаза од разигрувањето кои се помалку атрактивни за гледачите и спонзорите.
Доколку бидат одобрени промените можат да се имплементираат уште од следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА