Овиедо го отпушти тренерот што по 24 години го врати тимот во Ла Лига

Управата на Овиедо се реши за изненадувачки потег, отпуштајќи го тренерот Вељко Пауновиќ 110 дена откако српскиот стратег направи извонреден успех внесувајќи го тимот во Примера дивизион по пауза од 24 години.

Стартот на новата сезона не беше најпозитивен, Овиедо забележа две победи и шест порази во првите осум рунди од елитното друштво, но мора да се истакне и неповолниот распоред во кој новиот прволигаш играше дома и загуби од великаните Реал Мадрид и Барселона.

Како клучен се покажа последниот пораз од Леванте, екипа што исто така е повратник во Ла Лига, по што управата реши да ја прекине соработката со Пауновиќ и неговиот целокупен стручен штаб.

Главен фаворит за нов тренер на Овиедо е Луис Карион, 46-годишен стратег чиј последен ангажман е како шеф на стручниот штаб на Лас Палмас.

Се вчитува...