Шпанскиот стручњак Луис Карион (46) ќе го преземе тимот на Реал Овиедо откако клубот го разреши српскиот тренер Вељко Пауновиќ.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Карион веќе е на пат за Овиедо каде наскоро ќе потпише едногодишен договор и веднаш ќе се погрижи за тимот кој моментално е надвор од опасната зона со шест бода.
Ова е втор мандат на Карион на клупата на Овиедо, а втора шанса да води клуб во Ла лига, по краток период кој го мина во Лас Палмас во 2024 година.
Клубот од Канарските Острови го отпушти во октомври истата година, по девет натпревари во кои тимот не забележа победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

