Луис Мигел Карион доби отказ од тимот на Овиедо. Шпанскиот тренер ја водеше екипата во сезоната 2023/24, а во октомври оваа година повторно ја презеде екипата од Вељко Пауновиќ, кој беше сменет.
Неговиот договор беше до крајот на сезоната, но неговиот мандат мина без ниту една победа, по што денеска по поразот од Севиља со 4-0, тимот се одлучи да го смени и вториот тренер.
Исто така и неговите помошници ќе го напуштат тимот. Претходно без тренер остана и Реал Сосиедад, со што викендов два шпански тима останаа без предводници.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

