Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алиасим приреди сензација во осминафиналето на последниот грен-слем турнир во сезоната, УС Опен совладувајќи го фаворизираниот Александар Рубљов со 3-0 во меч кој траеше два часа и 17 минути.
Оже-Алиасим првиот сет го доби со 7-5, во вториот славеше со 6-3, а во третиот со 6-4 за нов пласман во четвртфиналето.
Канаѓанецот во четвртфиналето за противник ќе го има Де Минор кој претходно ја потврди фаворитската улога против Риеди.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

