Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим се третиот полуфиналист на тенискиот турнир на ЛОИ во Париз, откако го исфрли фаворитот Каспер Руд, и си закажа дуел со Карлос Алкараз.
Канаѓанецот во три сета успеа да го добие мечот. Во првиот сет го доби 6-4, а во вториот се играше тај-брејк, кој го доби Руд со 10-8, и со 7-6 се врати во мечот. Сепак, Канаѓанецот успеа со 6-3 да го добие третиот сет и да остане во игра за медал на ЛОИ.
Претходно покрај Алкараз, во полуфиналето се пласираше Лоренцо Мусети, кој го чека подобриот од дуелот Ѓоковиќ – Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА