Оже-Алијасим во полуфиналето на УС Опен

Канадскиот тенисер Феликс Оже-Алијасим се пласираше во полуфиналето на УС Опен, откако го совлада австралискиот тенисер Алекс Де Минор со 3-1 во сетови.

Канаѓанецот успеа да направи пресврт во драматична завршница во меч во кој траеше повеќе од четири часа. Првиот сет го доби Де Минор, а потоа во трите сета имаше дури два тај-брејка, во кои Оже-Алијасим беше поконцетриран и го доби мечот.

Канаѓанецот во полуфиналето го чека подобриот од италијанскиот дуел Синер – Музети.

Се вчитува...