Озил е несреќен и сака да си замине од Фенербахче

Месут Озил сака да го напушти Фенебахче, пренесува популарниот шпански медиум „Ас“. Германецот кој во јануари од редовите на Арсенал премина во турскиот гигант не се снајде ниту во Истанбум и сака да замине во нова авантура во следниот периоден рок.

Играчот за врска за Фенербахче одигра 15 натпревари и постигна еден гол, а го пропушти крајот на претходната сезона поради повреда. За неговиот потпис постои интерес од САД и Катар.

Поранешниот играч на Шалке, Вердер, Реал Мадрид и Арсенал најславните денови од својата кариера ги имаше во редовите на „топџиите“ каде постигна 44 гола и 77 асистенции во 254 настапи.

Се вчитува...