„Озил го уценува Арсенал, не игра, а сака пари…“

Месут Озил веќе подолго време е главна тема во фудбалска Англија, бидејќи не е во плановите на Арсенал, но и затоа што не постои клуб што може да ја израмни плата од 350.000 фунти неелно што тој моментно ја заработува во лондонскиот клуб.

Англискиот таблоид „Сан“ пишува дека играчот за врска е подготвен да го напушти клубот уште во јануари, но само доколку Арсенал се согласи до 2023 година да му ја субвенционира платата во новиот клуб со 65.000 фунти неделно.

„Сан“ потенцира – „Озил го уценува Арсенал, не игра, а сака пари“.

Озил не е пријавен во Премиер лигата и Лигата на Европа оваа сезона, во најновата епизода од војната меѓу управата на клубот и најплатениот фудбалер. Тој пристигна во Арсенал во 2013 година од Реал за 47 милиони евра, и постигна 44 гола за „топчиите“ и додаде 77 асистенции на 254 настапи.

Се вчитува...