Англискиот премиерлигаш Арсенал објави дека Месут Озил и Сеад Колашинац нема да бидат дел од ростерот за премиерниот меч во првенството против екипата на Њукасл.
„Месут Озил и Сеад Колашинац нема да бидат дел од од тимот за мечот против Њукасл поради безбедносни причини. Разговарано е со двајцата и тие прифатија дека е подобро да не бидат дел од тимот додека трае полициската истрага“, стои во соопштението од Арсенал.
За потсетување, Месут Озил и Сеад Колашинац беа нападнати од две лица, кои извадија ножеви и се обидеа да ги ограбат. За среќа, Сеад Колашинац, спречи ситуацијата да излезе од контрола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА