Германскиот репрезентативец Месут Озил не го продолжува договорот со Арсенал кој завршува на крајот од оваа сезона, и покрај преговорите кои траат веќе со месеци.
Токму поради тоа веќе се погласни се шпекулациите околу тоа каде ќе ја продолжи својата кариера. Нема ништо од најавената можност за трансфер во Барселона, дел од англиските медиуми го спомнуваат Шалке како негова следна дестинација, но Озил самиот открива каде сака да ја продолжи кариерата.
„Им благодарам на сите за понудите, но мојата желба е да останам во Премиер лигата. Манчестер јунајтед има навистина голема понуда за мене и како нештата стојат најверојатно својата кариера ќе ја продолжам на Олд Трафорд“ – вели Мусут Озил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА