Германскиот интернационалец Месут Озил не беше во составот на Арсенал на вчерашниот натпревар против Барнли (5-0) кој беше и последен за Арсен Венгер на стадионот „Емирати“. Тој има големи проблеми со болки во грбот и сигурно нема да настапува до крајот на сезоната, на последните два премиерлигашки натпревари. Но, тој е неизвесен дури и за настап на Светското првенство во Русија.
„Озил има проблеми со грбот. Тој дефинитивно нема да игра до крајот на сезоната, а лекарите ќе се потрудат да го оспособат за настап со репрезентацијата на Германија на мундијалот во Русија. Но, и тоа е во сферата на неизвесноста“, откри Арсен Венгер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА