Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, одлучи во иднина да не настапува за репрезентацијата на Германија, поради навредите што ги доби по учеството на Светското првенство во Русија. Германците брзо го завршија својот настап, разочараа и ја предадоа круната, а Озил беше навредуван и затоа што претходно бил на средба со турскиот претседател Ердоган. Некои во Германија дури се дрзнаа да го наречат и ’предавник’ поради тоа.
„Со тешко срце морам да ја соопштам мојата одлука дека нема веќе да настапувам за репрезентацијата на Германија поради навредите што ги доживеав од фановите. Го носев дресот на Германија со гордост, но тоа веќе не го чувствувам. Имаше премногу навреди на моја сметка, расистички и политички притисоци“, соопшти Месут Озил.
Тој е роден во Гелзенкирхен, има турско потекло, а избра да игра за Германија во ноември 2006 година. Озил ќе остане со 92 настапи за Германија, 23 гола и 40 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА