Унаи Емери дематираше дека е во лоши односи со Месут Озил, но последните инфрмации од Турција ги заслуваат шпекулациите дека не е се баш најдобро во реалцијата меѓу менаџерот и ѕвездата од средниот ред. Дел од турските медиуми тврдат дека Фенербахче подготвува понуда за Германецот со турско потекло и покрај незавидната финансиска ситуација на клубот.
Претседателот на Фенербахче, Али Коч, неодамна изјави дека негова обврска е да го спаси клубот од огромнот долг кој според последните пресметки изнесува некаде околу 620 милиони фунти.
Озил има уште три години од договорот со Арсенал, неделната палта му е 350 илјади фунти.
Меѓу заинтересираните за Озил се споменува и Манчестер Јуајтед. Играчот кој вреди околу 40 милиони фунти, летово реши да се повлече од германската репрезентација. Беше во фокусот на вниманието поради фотографиите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА