Озил потпиша договор со Башакшехир

Искусниот германски фудбалер, Месут Озил е нов играч на истанбулскиот Башакшехир. 33-годишникот и Башакшехир се договорија на едногодишна соработка, со опција за продолжување на договорот на уште една година.

Овој потег следуваше по неколку дена откако Фенербахче соопшти дека на барање на двете страни ја раскинал соработката со Озил, две години пред истекот на договорот. Озил во Фенербахче стигна од Арсенал во 2021 година, а за тимот од Истанбул постигна осум голови на само 25 одиграни натпревари. Тој не беше во тимот од март годинава поради несогласување со раководството на клубот.

Во кариерата Озил настапуваше и за Шалке, Вердер и Реал Мадрид.

Се вчитува...