Озил пред сензационален трансфер во МЛС лигата

Германскиот интернационалец Месут Озил е пред сезнационален трансфер во редовите на ДС Јунајтед тим од американската МЛС лига.

Озил е тотално отпишан од тимот на Арсенал во кој не беше пријавен за настапи во првиот дел од сезоната. Микел Артета не смета на неговите услуги, а платата која што ја зема Германецот е преголема за да остане во клубот.

Американскиот тим сака да го доведе Озил како би можеле да се обидат да ја нападнат титулата во МЛС лигата следната сезона. Озил на „Емирати“ стигна во 2013 година од редовите на Реал Мадрид. За „топчиите“ забележа 184 настапи на кои постигна 33 гола.

Се вчитува...