Германскиот интернационалец Месут Озил најверојатно ќе си замине од Арсенал. Медиумите на Островот на таков начин ја коментираат неговата најнова изјава дека сака да игра во клуб што е подготвен да ја освои Лигата на шампионите. „Топчиите“ во моментов се борат да влезат во „топ 4“ во Премиер – лигата и да изборат квалификации за ЛШ за следната сезона.
„Имам договор со Арсенал до 2018 година и се чувствувам комфорно во Лондон. Но, сакам да играм во клуб што ќе ја освои Лигата на шампионите. Многу брзо ќе одлучам за мојата иднина, но јасно е дека со Арсенал минуваме низ тежок период и не сме задоволни со моментното шесто место на табелата“, изјави Месут Озил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА