Месут Озил и Алексис Санчез со здружени сили сакаат да стигнат до посакуваната плата за да останат во Арсенал. Двајцата најплатени фудбалери во клубот од Лондон бараат драстично зголемување на годишната плата за да не си заминат од „Емирати“.
Германскиот репрезентативец веќе одби понуда од 280.000 фунти неделно од „топчиите“, сметајќи дека треба да заработува повеќе, и токму поради ова Арсенал е подготвен да се ослободи од него. Сепак, засега нема конкретна понуда за Озил од европските гиганти.
За Алексис Санчез се зборуваше дека се договорил со Баерн Минхен, потоа и со Манчестер сити, но очигледно дека и Чилеанецот има енормни финансиски побарувања кои не се подготвени да ги платат и други гиганти.
Арсенал сезонава го освои ФА Купот на Англија, но по цели 20 години нема да бидат меѓу екипите кои настапуваат во Лигата на шампионите. Се најавуваат неколку засилувања со кои Венгер ќе може да конкурира за титулата во Премиер – лигата, но, сепак, многу работи ќе зависат и од останувањето на Санчез и на Озил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА