Францускиот првак Пари Сен Жермен е решен следната сезона да го нападне врвот на Европа, а голем чекор за засилување на тимот се очекува да направи во летниот преоден рок. Раководството на „светците“ планира ангажман на двете најголеми ѕвезди на англискиот премиерлигаш Арсенал, Месут Озил и Алексис Санчез.
Двајцата фудбалери подолг период одолговлекуваат со потпишување на нови договори со Арсенал, а тоа е знак дека сакаат да го напуштат „Емирати“. ПСЖ е подготвен да плати 110 милиони фунти за да ги доведе во пакет и Озил и Санчез на „Паркот на принцовите“.
„Светците“ ќе имаат голема конкуренција во Челси, Манчестер сити и Јувентус во трката за Чилеанецот Санчез, како и Баерн Минхен и Манчестер јунајтед за Месут Озил. Но, финансиската моќ на ПСЖ воопшто не е за занемарување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА