Месут Озил е подготвен да стави крај на авантурата во Арсенал и кариерата да ја продолжи надвор од Европа. Американската МЛС-лига по се изгледа ќе биде следната дестинација на германскиот плејмејкер, откако неговиот агент влегол во завршна фаза од преговорите со Ди-Си Јунајтед.
Клубот од главниот град на САД на крајот од годинава ќе се раздели од Вејн Руни, кој ќе се врати во татковината за да биде тренер-играч во Дерби Каунти. Челниците на Ди-Си Јунајтед бараат нова европска ѕвезда за наследник на Руни, а изборот паднал токму врз Озил. Двете страни речиси цел месец разговараат за трансфер, а се очекува истиот да биде договорен до крајот на месецов, но Озил би заминал во Вашингтон дури на почетокот од 2020 година.
Со тоа Арсенал би се ослободил од преголемата плата од 350.000 фунти неделно што ја заработува Германецот, па Унаи Емери би добил и дополнителен буџет за засилувања за јануарскиот преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА